Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс запишаа нова убедлива победа во НБА, и против Бруклин Нетс славеа со 116-99. Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ одново беше клучна фигура во редовите на „езерџиите“ постигнувајќи 41 поен со осум скока и три асистенции. По првото полувреме беше речиси изедначено, Лејкерс имаа водство од два поени (61-59), а Бруклин успеа да го следи темпото со тимот од Лос Анџелес во текот на третата четвртина (85-84). ...
Денвер нагетс рано утрово го победи Голден Стејт вориорс со 116:93 во натпревар од регуларната сезона на НБА-лигата. Српскиот кошаркар Никола Јокиќ, со дабл-дабл ефект од 25 поени и 15 скока го предводеше својот тим до триумфот. Денвер го доби својот шести натпревар по ред. Се наоѓа на четвртото место на табелата во Западната конференција (48-28 победи-порази). Голден Стејт (36-39) е на 10-то место. Тимот на Бруклин ја прекина серијата од 10 ...

