Кинотека на Македонија утревечер ќе биде местото каде што љубителите на филмската уметност ќе имаат ретка можност да ѝ оддадат почит на богатата и уникатна авторска визија на Коле Манев. Програмата започнува во 18:00 часот и нуди ретроспектива од три негови значајни филмски дела. Настанот ќе започне со единствениот долгометражен игран филм на Манев, „Мост“ (2006), снимен во живописното Кратово, а филмската приказна следи трогателна љубовна врска ...
25 АПРИЛ (ПЕТОК) 20:00 ч. ВЕЧЕР НА КОЛЕ МАНЕВ ВО КИНОТЕКА In memoriam – Коле Манев (1941-2025) ТУЛГЕШ Документарен филм, 1977, 57 мин. Режија: Коле Манев Сценарио: Коле Манев Коле Манев, во 1977 г., по сопствено сценарио, го реализира своето најпознато филмско дело, едночасовниот документарен филм ТУЛГЕШ, именуван според романскиот прифатен дом за сместување на децата-бегалци од Граѓанската војна во Грција. Во овој филм, кој претставува ...