Антонио Конте повторно го направи невозможното, а овојпат можеби и самиот себе се надмина. Со освоената титула во Серија А со Наполи, тој го освои своето петто Скудето како тренер и стана првиот во историјата кој го направил тоа со три различни клуба. Со ова, неговото место во аналите на италијанскиот фудбал е дефинитивно запечатено. Успехот со Наполи е уште повпечатлив ако се знае дека клубот минатата сезона заврши на десеттото место, а ...
Под водство на Конте, тимот доби нова енергија, дисциплина и менталитет на победници. Со играчи како Лукаку и Мектоминеј, Наполи изгради вистинска сила на теренот, а Конте уште еднаш покажа дека знае како да го извлече максимумот од своите фудбалери. И покрај триумфот, иднината на Конте во Наполи е неизвесна. Италијанските медиуми, особено „Калчомеркато“, пренесуваат дека тој е многу блиску до враќање во Јувентус – клубот каде што доживеа големи ...