Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено, без погодоци, против Република Ирска во пресметката меѓу двете селекции кои останаа без пласман по полуфиналниот бараж за Светското првенство 2026. Македонскиот тим делуваше значително посигурно во одбраната, но впечатокот е дека натпреварот немаше ниту приближно исто ниво на емоција и ритам како дуелот со Данска во Копенхаген. Во 26.минута, Барди се обиде од слободен удар, но ...
По болните елиминации во баражот за Мундијалот, репрезентациите на Ирска и Македонија вечерва на стадионот „Авива“ одиграа натпревар кој веројатно многу брзо ќе биде заборавен. Во дуел без вистински резултатски жар и со многу тактизирање, конечните 0:0 беа реален одраз на она што се случуваше на теренот. Наместо да се подготвуваат за историски настап на Светското првенство, фудбалерите на двете селекции мораа да одработат пријателски меч кој ...

