Макрон во последните неколку дена ги собираше европските лидери за да разговараат за европската и украинската безбедност. На Европи ѝ е потребен „масивен одбранбен план“ за да се соочи со растечката закана од Русија, изјави францускиот претседател Емануел Макрон. Изјавата на Макрон доаѓа пред неговата планирана посета на Вашингтон, каде францускиот претседател следната недела ќе се сретне со претседателот на САД Доналд Трамп за да разговараат за ...

Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека разговорите за Украина не можат да се водат без учество на Украина. „Никој не сака крвопролевањето да продолжи. Никој, а најмалку Украинците. Но, по се што претрпеа, по се за што се бореа, не може да има дискусија за Украина без Украина, а народот на Украина мора да има долгорочна сигурна иднина“, рече тој. Стармер истакна дека одржувањето на солидарноста со Украина не е само морално ...

Британскиот премиер Кир Стармер и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја истакнаа „потребата да се обезбеди праведен и траен мир“ во Украина, соопшти британската влада. Речиси три години од почетокот на руската инвазија на Украина, Стармер и Урсула фон дер Лајен „во телефонски разговор се согласија дека Европа мора да ги зголеми своите напори во корист на европската колективна безбедност“. Британскиот премиер, кој во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп гостуваше на подкаст на Фокс њуз, каде што дискутираше за крајот на конфликтот во Украина и го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во разговорот, Трамп изрази сомнежи за улогата на Зеленски во украинските преговори и предложи дека неговото присуство не е неопходно во разговорите со Русија. „Не мислам дека неговото присуство е нужно на состаноците. Тој го комплицира постигнувањето на договор. ...