Километарски колони и долги редици возила се создадоа на граничниот премин Табановце, откако почна примената на новиот механизам за проверка и санкционирање на странските возачи кои претходно направиле сообраќаен прекршок регистриран од системот „Сејф сити“. Фотографиите од терен покажуваат долги колони од автомобили и товарни возила на излез од Македонија, а дел од патниците излегле од возилата додека чекаат да продолжат кон границата. ...
Санкционирањето на странци преку Сејф сити создаде километарски колони. Првите казни за странски државјани кои направиле прекршок на македонските патишта, а притоа биле уловени од камерите на Сејф сити, предизвикаа километарски колони и долги чекања на Граничниот премин Табановце. Од вчера, на овој премин, при излез од државата, се појавуваат возила кај кои системот има претходно евидентирано сообраќајни прекршоци. На возачите им се соопштува ...

