Министерството за надворешни работи и надворешна трговија остро ја осуди провокацијата на Русија, која со три борбени авиони го наруши воздушниот простор на Естонија. „Ова е сериозна и опасна провокација. Силно го осудуваме овој неодговорен чин и стоиме во целосна солидарност со Естонија и сите наши сојузници. Обединети, остануваме цврсти и решителни во одбраната на нашата заедничка безбедност,“ истакна Министерството на својот официјален Х ...

Министерството за надворешни работи на Естонија во Талин рече дека денеска три руски борбени авиони МиГ-31 влегле во воздушниот простор на членката на НАТО „без дозвола и останале таму вкупно 12 минути“ над Финскиот Залив. Во кратко соопштение денеска руското Министерство за одбрана рече дека трите МиГ-31 извршувале рутински лет од Карелија, источно од Финска, до аеродром во регионот Калининград, руска енклава што граничи со Полска и Литванија. ...