„Стопанска банка“ од Скопје ја зголеми добивката за два отсто споредено со истиот период лани. Во финансискиот извештај за првата половина од годината се наведува дека банката „продолжи со остварување солидни резултати и висока профитабилност“ и остварена е добивка пред оданочување од 2.022.904 илјади денари. „Согласно примената на регулативата за глобален данок кој ја засега, Стопанска банка пресметува данок со примена на ефективната даночна ...

„Макстил“ во првата половина од годината оствари позитивни финансиски резултати благодарение на производството кое ги надмина плановите на компанијата. Производството на дебели лимови бележи раст од 5 отсто во однос на истиот период лани, а производството на челичанските слабови во извештајниот период е намалено за 10 отсто, но бележи раст во однос на плановите на компанијата за 7 отсто. Во овој период се остварени приходи од работење во износ ...