Дојде време за последната рунда во Првата македонска фудбалска лига. Натпреварите од 33. коло ќе ја спуштат завесата на уште една сезона, а на тронот во мак-фудбалот се врати екипата на Шкендија. Тетовчани одиграа најдобро од сите сезонава и заслужено ќе го кренат пехарот. Среќата посака шампионското славје да биде на натпреварот против вицепрвакот Силекс во Тетово. Шкендија за своја среќа си ја заврши порано работата и денес останува само да ...

Денеска со мечевите од 33.коло и официјално завршува сезоната во нашата елитна фудбалска лига. Веќе се е познато, само уште да се разреши дилемата кој ќе игра бараж за опстанок во ПМФЛ. Шкендија е шампион и попладне ќе има шампионска фешта под Шара, на тетовци ќе им биде доделен и пехарот од страна на ФФМ. Силекс и Работнички ќе играа во квалификациите во Лигата на Конференции, а Воска и Гостивар уште пред неколку кола не се прволигаши, токму ...