Повеќе од половина од европската почва (53 проценти) и медитеранскиот регион биле погодени од суша во средината на мај, според анализата на податоците од Европската опсерваторија за суша (EDO), по набљудувањето на периодот од 11 до 20 мај оваа година, пренесува Н1. Kaко што се наведува, тоа е највисоката стапка забележана во тој период од годината од почетокот на набљудувањето во 2012 година. Таа е за 20 процентни поени повисока од просекот за ...
За пролетта 2025 година ќе биде потребно време за да се спроведе подетална анализа, но нема сомнеж дека климатските промени ги влошуваат сушите со зголемување на температурите и менување на моделите на врнежи. Земјоделството и хидроенергијата би можеле да бидат во големи проблеми бидејќи сушата во Европа продолжува. Повеќе од 40 отсто од Европа во моментов е погодена од некаков вид на суша, откриваат најновите податоци. Делови од југоисточна ...