Министерството за внатрешни работи интензивно продолжува со процесите на дигитализација и со тоа приближување на своите услуги до граѓаните. Од денес на националниот портал uslugi.gov.mk достапна електронски е една од најбараните услуги на граѓаните на шалтерите на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење, информираа денеска од МВР. Како што стои во фејсбук објавата на Министерството, граѓаните можат да ја пронајдат услугата ...
Граѓаните можат да ја пронајдат услугата директно на следниот линк: https://uslugi.gov.mk/service-details.nspx?serviceId=5737 Министерството за внатрешни работи во текот на неколку месеци дигитализираше дел од своите услуги за граѓаните кои граѓаните веќе секојдневно ги користат за нивните потреби и тоа: апликација за дозвола за оружје, потврда за моментална сопственост за возила за физички лица, потврда за поседување на моторни возила за ...