Полицаец од Струмица е осомничен дека посредувал во случај на нарушен јавен ред и мир и побарал пари за „мирно решавање“, при што задржал дел од сумата за себе. Според информациите од Министерство за внатрешни работи, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднел кривична пријава против полицаец кој работел во Полициска станица Струмица. Пријавата е доставена до Основно јавно обвинителство за гонење ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по брза постапка против К.Ш., на работно место полицаец во ПС ОН Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластување“ по член 353 од КЗ и од страна на судија за претходна постапка му се одредени мерки на претпазливост. Пријавениот К.Ш. на 11.04.2026 ...

