МАЈКИ Mothers Милчо Манчевски / Македонија / Франција / Бугарија / 2010 / 123 мин Две деветгодишни девојчиња даваат извештај во полиција дека ги вознемирил манијак, иако никогаш не го виделе. Тројца филмаџии ги снимаат единствените двајца жители во едно пусто село – еден постар брат и сестра кои не зборуваат еден со друг во последните 16 години. Најдени се жени-пензионерки силувани и удавени, во еден мал град. Фикцијата полека се претвора во ...
ДО БАЛЧАК To the Tilt Столе Попов / Македонија / 2014 / 165 мин ДО БАЛЧАК е последното остварување на доајенот на македонскиот филм Столе Попов. Филмот е сурова, но романтична љубовна приказна во која македонската кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од каква било идеологизација. Ова е филм за дијалектичката средба на митското со антимитското, филм во кој се среќаваат легендите и ...
СКОПЈЕ РЕМИКС Skopje Remixed) НОВО МАКЕДОНСКО ВИДЕО – колектив на македонски режисери и филмски работници / Македонија / 2012 / 141 мин „Скопје Ремикс“е амбициозен и иновативен филм од 2012 година, создаден од колектив на македонски режисери. Филмот се состои од десет кратки приказни кои се фокусираат на различни аспекти на животот во македонската престолнина, Скопје. Со својот уникатен пристап и разновидност, „Скопје Ремикс“ нуди свеж поглед ...

