Ракометниот шампион на Македонија, Е. Пелистер вечерва на домашен терен ќе го пречека данскиот ГОГ Гудме во натпревар од 3. коло од новата сезона во Лигата на шампионите. По првите две кола каде битолчани славеа на домашен терен со хрватскиот првак ППД Загреб и тесно загубија на гостувањето кај големиот фаворит Пари Сен Жермен, во овој меч со данскиот тим влегуваат со голема самодоверба. Еурофарм Пелистер се очекува да биде комплетен за овој ...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер за жал претрпеа втор пораз во Лигата на шампионите, откако пред својата публика во салата „Боро Чурлевски“ загубија од ГОГ Гудме со 28-31 (14-14). Битолчани имаат за што да жалат бидејќи во првиот дел имаа дури и пет гола предност. Сепак, имаше пад на концентрацијата во финишот на првото и стартот на второто полувреме, па Данците знаеја како да го казнат тоа. Гостите отворија со предност, меѓутоа со два гола на ...