Во Собранието последна седница пред стартот на кампањата за локалните избори на 29-ти септември. Прва точка од дневниот ред е декларацијата за фер и демократски избори, предложена од спикерот Гаши. Сè уште е неизвесно дали пратениците ќе расправаат и по Предлог-законот за локална самоуправа, со кој се предлага граѓаните да можат на референдум да се изјаснат ако не се задоволни од работата на градоначалникот. Извесно е дека по изборите останува ...

Денешната собраниска седница беше во знакот на Декларацијата за фер избори и жестоката дебата на власта и опозицијата на актуелните теми – од националната безбедност, социјалата, па се до приватизацијата во државата. Седницата започна со изгласување на заедничка Декларација за одржување на фер и демократски локални избори, за избор на општински советници и градоначалници. По изгласувањето на декларацијата на последните пратенички прашања ...