Пропадна уште еден обид за договор околу Изборниот законик. Власта инсистира дијаспората да гласа и да се најде модел како тоа се изведе. Опозицијата, пак е на став дека тоа води кон изборен фалсификат. Премиерот Христијан Мицкоски, зборувајќи за последниот состанок во законодавниот дом, рече дека СДСМ и Левица испорачале порадикални барања, а со цел да не се усвојат законските измени. Рече дека неговата партија е подготвена да прифати една ...

Коалицијата на СДС и Левица заеднички го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, во кој се вметнати забелешките на ОБСЕ и ОДИХР, како и барањата на двете политички партии кои со месеци беа усогласувани на работните средби за ИЗ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ за прес-конференцијата на портпаролот Валентин Манасиевски. Венко Заев и СДС се спротивставуваат на решението македонската дијаспора да гласа во што поголем број. Како ...

Активно придонесувавме и потпишавме една драфт верзија и сега се бара консензус, над консензусот што веќе го имаме и како документ доставен во Собраниието. Затоа мислам дека ова е крај на преговорите и ќе се оди со стариот Изборен законик, рече пратеничката на ДУИ, Рита Ајдари Со жалење ве информирам дека денешните разговори за усвојување на измените на Изборниот законик не успеаја, кажа на прес-конференција денеска пратеничката од ДУИ Рина ...

Ниту по денешната средба на координаторите на пратеничките групи нема договор за Изборниот законик. Од ВМРО-ДПМНЕ предложиле опозицијата да постигне заеднички став за сите нивни барања вклучително и гласањето на дијаспората, а сето тоа ќе им биде прифатено. -Да седнат да се договорат за една изборна единица, да седнат да се договорат за модел за финансирање, да седнат да се договорат за поплаките и начинот на кои што тие би биле прифатливи и ...