Момче на 27-годишна возраст загинало вчера откако на регионалниот пат Драчево-Катланово, во атарот на скопското село Морани, со автомобил „фолксваген бора“ удрило во рефлектирачко столбче на патот, оградата и во бандера која паднала врз возилото. Станува збор за С.Ј. од скопското село Студеничани, а како што информираа од полицијата, од здобиените повреди починал на лице место на несреќата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а ...

На 14.05.2025 околу 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Драчево-Катланово, во атар на с.Морани, скопско, патничко возило „фолксваген бора“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(27) од с.Студеничани, скопско, удрило во рефлектирачко столбче на патот, ограда и во бандера која паднала врз возилото. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал ...