Во северозападниот турски град Гебзе, во провинцијата Коџаели, утрово се урна седумкатна станбена зграда, при што загинаа две деца, а едно лице беше извлечено живо од урнатините. Според информациите на гувернерот Илхами Акташ, во зградата во моментот на несреќата живеело петчлено семејство. Спасувачите успеале да ја извлечат жива 18-годишната ќерка, додека телата на две деца биле пронајдени без знаци на живот. Причините за уривањето засега не ...

Уште две тела се пронајдени во урнатините на зградата што се урна вчера во турскиот град Гебзе, во покраината Коџаели, со што бројот на жртви се искачи на четири. Спасувачките екипи претходно ги пронајдоа телата на две деца, а нивната 18-годишна сестра беше извлечена жива од урнатините. Седумкатната зграда се урна околу 7:30 часот наутро по локално време во среда од сè уште непознати причини, соопштија локалните власти. На првиот ден од ...

Трагедија ја потресе Турција откако седумкатна станбена зграда се сруши вчера наутро во населбата Мевлана, во градот Гебзе, при што животите ги загуби речиси цело едно семејство. Од петчленото семејство кое беше заробено под урнатините, преживеа само 18-годишната Дилара Билир, која спасувачките екипи ја извлекоа жива по осум часа непрекината работа. Денеска, спасувачите ги пронајдоа и извлекоа телата на родителите – Левент и Емине Билир, со што ...