Во последното седмо коло на Европскиот Клупски Куп, шахистите на Алкалоид го одиграа својот најдобар меч, и убедливо тријумфираа над францускиот „Шартре“ со 5:1 за нова Европска Вицешампионска титула. Арјун Еригаиси на првата табла ремизираше со легендарниот украински шахист Василиј Иванчук, кој во минатото исто така играше за „фармацевтите“. Со црни фигури беше и С. Л. Нарајан на петтата табла кој го подели поенот со Максим Лагард. На ...

Улфар Пал Монси Тордарсон, добредојде во семејството на РК Алкалоид! На овој начин раководството на РК Алкалоид го претстави својот нов ракометар. Исланѓанецот кој има 25 години во тимот доаѓа од екипата на Валур, со која минатата сезона беше меѓу најдобрите стрелци во Европската лига на ЕХФ. За него, настапите за РК Алкалоид ќе бидат прво интернационално искуство. Претходно во кариерата Тодарсон настапуваше за Афтурелдинг и Стјарнан од Исланд. ...