Хабиб Нурмагомедов си обезбеди статус на легенда меѓу ММА фановите, но истовремено тој не ја крие својата љубов и приврзаност кон Реал Мадрид, фудбалскиот клуб чии натпревари не ги пропушта. Дагестанецот преку својот Инстаграм профил реагирал и на веста за отказот на Чаби Алонсо и повеќе од очигледно е дека не се согласува со потегот на раководството на „кралскиот клуб“. Хабиб објавил неколку пораки преку Инстаграм стори на оваа тема, а во ...

Во Реал Мадрид се случи вистински пресврт, а отстранувањето на Чаби Алонсо од клупата на „кралскиот клуб“ предизвика лавина од реакции низ целиот спортски свет. Една од најимпресивните дојде од Хабиб Нурмагомедов, легендарниот и непоразен поранешен шампион на УФЦ, кој јавно го бранеше шпанскиот стручњак и безрезервно ги критикуваше потезите на раководството на Реал. Нурмагомедов, кој денес самиот е тренер, направи паралела помеѓу боречките ...