Навивачите на Лион имаат причина за славје откако денеска беше обелоденето дека овој клуб ќе продолжи да се натпреварува во француското елитно друштво иако неодамна беше исфрлен во понизок ранг на натпреварување. Големите долгови и финансиската нестабилност што се зголемуваа со месеци беа причина Лион да биде исфрлен од Првата лига, но челниците на клубот во изминатите петнаесетина дена направија многу повеќе отколку во сиот претходен период. ...

По големата неизвесност и финансискиот хаос што го зафати клубот, Лион конечно доби зелено светло, следната сезона ќе продолжи да се натпреварува во Лига 1 и ќе учествува во Лигата на Европа. Препорачано Францускиот фудбалски гигант беше на раб на катастрофа, откако поради непочитување на финансиските критериуми се најде под закана да биде исфрлен во Лига 2. Привремената одлука предизвика бурни реакции во јавноста и страв кај навивачите на овој ...

Францускиот фудбалски гигант Лион официјално останува член на Лига 1 по месеци неизвесност и административна драма околу финансиската стабилност на клубот. Денес беше потврдено дека Лион ќе игра во елитното ниво на францускиот фудбал и следната сезона, но Францускиот орган за финансиски надзор (ДНЦГ) сепак одлучи да ги ограничи платите и трансферите на клубот. Кон средината на јуни, ДНЦГ донесе привремена одлука да го исклучи Лион од Лига 1 ...