Критична е состојбата со огнената стихија на планината Готен, од страната на Берово. Во текот на ноќта огнот го поминал заштитниот појас направен со трактори и булдожери и зафатил нови површини, каде гори високостеблеста шума. Се работи на непристапен терен на Малешевските планини и е тешко да се дојде до самата линија на пожарот која се мери со километри. На вчерашниот состанок на кризниот штаб е договорено, доколку огнот продолжи да се шири, ...
До пладне според информациите од Центарот за управување со кризи, се евидентирани вкупно 15 пожари на отворено, три се сè уште активни, пет се под контрола, а седум се изгаснати. Состојбата останува сериозна, особено во планинските и руралните подрачја. Најкритичен е пожарот кој беснее меѓу териториите на општините Василево, Радовиш и Берово, каде пламените јазици зафатија широки површини од планините Голем Готен и Малешевските Планини. Таму ...