Премиерот Христијан Мицкоски е разочаран од пресудата во Тетово за смртта на младата Теодора Ристевска. Судот во Тетово во понеделникот (07.04) му досуди две години затвор на возачот кој ја прегази 22-годишната девојка. „Тоа не е правда, туку целосно потфрлање на системот“, вели Мицкоски и побара јавно од Судскиот совет да ја преиспита работата на судијата. „Јавно да прашам, има ли некој во државава кој смета дека тука имаме задоволена правда?! ...

Судскиот совет нема став за двегодишната затворска казна изречена од судијата Ељведин Ферати.. Ја завршиле анализата на предметот, но во своето сопштение само редоследно пренесуваат како се одвивал целиот судски случај кој заврши со двегодишна затворска казна за обвинетиот Пајазити кој на пешаки премин удри во 22 годишната тетовчанка Теодора.. Појаснуваат дека построга казна не можела да биде досудена зараади одлуките на Апелациониот и Врховниот ...