Патрик Виеира останува на кормилото на Џенова откако клубот и легендарниот Французин постигнаа договор за продолжување на соработката и за сезоната 2025/26. Виеира пристигна во Џенова на крајот на 2024 година и успеа да му обезбеди место во елитниот италијански фудбал и за претстојната сезона и тоа со 43 освоени бодови. За францускиот стратег беа заинтересирани и други клубови од Италија, но тој се одлучи да ја продолжи верноста со Џенова. ...
Италијанската Џенова објави официјално дека е продолжен договорот со францускиот тренер Патрик Виера. 48-годишниот Виера останува тренер на Џенова до 30 јуни 2027 година, откако ја презеде во ноември минатата година. „Имав многу интензивен период откако пристигнав во Џенова. Успеавме да го обезбедиме опстанокот на Џенова во Серија А и гордо да ја завршиме сезоната, како што заслужува овој клуб“ – рече Виеира, по потпишувањето на новиот договор. ...