Стотици луѓе се придружија на протестите во Киев синоќа откако претседателот Володимир Зеленски потпиша нов закон усвоен од украинскиот парламент, кој се заканува да ја ограничи независноста на антикорупциските истражни тела. -Во пракса, две институции – Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САП) – стануваат подредени, изјави шефот на НАБУ, Семјон Кривонос, цитиран од ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски соопшти дека одобрил предлог-закон со кој се зајакнува независноста на специјализираните антикорупциски институции. Тој најави дека документот денеска ќе биде доставен до Врховната рада (украинскиот парламент), пренесе Укринформ, повикувајќи се на објава на претседателот на Телеграм. „Тукушто го одобрив текстот на закон со кој се гарантира вистинско зацврстување на владеењето на правото во Украина, ...