Наместо на работните места, дел од вработените во јавното претпријатие „Улици и патишта“ работниот ден го поминаа пред дирекцијата, од каде побараа плата која не е исплатена и по законски утврдениот рок односно до 15-ти во месецот. Истовремено, цел ден молк од Град Скопје и директорката на претпријатието Ивана Трајкоска за тоа зошто повторно доцнат платите. А додека пред дирекцијата беа вработените, дојдоа и вработени во ЕВН и ја исклучија ...
Вработените во ЈП „Улици и патишта“ ја земале платата, откако вчера наместо на работните места беа пред дирекцијата, а за денеска планираат да одат кај градоначалничката Данела Арсовска да протестираат. Вработени не брифираат дека парите легнале денеска на нивните сметки. Од Град Скопје и менаџментот на „Улици и патишта“ и денеска нема објаснување за тоа што се случува со претпријатието и неговата финансиска состојба, а особено што вчера била ...