Во Основниот кривичен суд – Скопје денес се отвора првото рочиште во предметот „Онкологија“, каде што обвинителната клупа ја делат поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, д-р Нино Васев, и тројца специјалисти онколози. Тие се товарат за продолжени кривични дела „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување болни“. Според Обвинителството, Васев — во соизвршителство со уште еден лекар — применил неподобни ...

Поради отсуство на второобвинетата Мери Пешевска, судењето е одложено Судскиот процес за случајот „Онкологија“, во кој се обвинети четворица лекари онколози, меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев, е одложен за 5 септември. Причината за одложувањето е отсуството на второобвинетата Мери Пешевска, за кое нејзиниот адвокат Јовица Страшевски достави медицинска документација и барање за одлагање на денешното рочиште. На ...