Македонското небо во „слепа зона“ откако викендов се расипа единствениот радар на Скопскиот аеродром кој ги контролира ниските летови. Авиони сега слетуваат со визуелни процедури и странска помош. Делот за поправка на дефектот се чека од Италија, но нема рок. Контролорите предупредуваа: Системот е стар, ризикот е реален, надлежните пак: „Сè е под контрола“. За тоа каква е состојбата во моментов во „Да си кажеме“ денеска разговаравме со ...
М-НАВ АД Скопје соопшти дека е ставен во функција радарот на скопскиот аеродром. Во текот на изминатите три дена, како што се наведува во соопштението, напорно се работеше на отстранување на дефектот кој се појави на дел од електрониката на радарската глава – Бањски рид. На 24 септември во 16:40 часот, стручниот тим на М-НАВ успешно го отстрани дефектот и ја врати радарската глава во функција, меѓутоа истата до денеска 25 септември до 12 часот ...