Ние очекуваме голем одзив и масовност од страна на нашите сограѓани, затоа што сакаме проектите коишто ќе бидат вградени во следната изборна програма да произлегуваат токму од нив и од нивните потреби, порача од Штип, Весна Ушинова. Сведоци сме на урбанистичко-инфраструктурна трансформација на нашиот град во последните четири години, затоа ние ќе се обидеме сите комунални, инфраструктурни, други проекти од областа на образованието, сите проекти ...

Почитувани, денеска е ден кога собираме идеи на граѓаните, идеи коишто ќе бидат дел од програмата наредните четири години, вели во своето видео обраќање градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. Нашата програма е конципирана на начин што во првиот дел она што претставува капитални инфраструктурни проекти, ќе бидат надоградени на веќе постоечките капитални инфраструктурни проекти, коишто се отпочнати или завршени во претходниот мандат, и суштински ...