Талалеј се роди во Либан. Живееше и пострада за Христос во третиот век, кога имаше само осумнаесет години. Неговиот животописец го опишува како стројно момче со бујна црвена коса. По професија бил лекар. Како христијанин бил изведен пред суд и откако смело ја исповедил верата го ставиле на различни и ужасни маки, нешто што не им беше туѓо на тогашните затворски иследници. Го фрлија и во арената меѓу ѕверовите, но овие му ги лижеа стопалата на ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 мај. Денеска е Преподобен Михаил Синадски. Во црквата името преподобни обично го носат монаси што станале преподобни на Христа во неговата љубов и смирението. Овој денешен светител е еден од тие монаси. Патријархот Тарасиј ќе го забележи животот на монахот Михаил и ќе го постави за епископ Синадски. Учествувал на Седмиот вселенски собор, а во времето на иконоборството како речиси сите ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 мај. Денеска е Св. Константин и Елена. Во времето кога во Рим царуваше Диоклецијан управник на западните римски области беше христољубивиот Констанциј Флор, кој во бракот со света Елена го доби синот Константин. Последниов во историјата толку се прослави, што го доби името Велики. За христијаните, пак, тој е првиот благочестив цар. Во 313 година, тој го издаде познатиот Милански ...