Премиерот тврди дека има политички консензус за Изборниот законик, чие носење е меѓу барањата од Планот за раст. Коментирајќи ги реакциите на невладините организации дека прагот за собирање на потписи за независни листи за нив е висок, направи споредба со некои европски држави. „Во Германија, за влез во Бундестагот, се потребни потписи од 5 проценти од гласачите, во други држави тој процент е 3,4 и повеќе. Ние ги анализираме пораките и носиме ...

Листата „Подобро за Тетово“ ги критикува напорите на владејачките партии за измена на Изборниот законик, бидејќи, како што велат, се настојува целосно да се елиминира невладиниот фактор. -Постојат обиди овој предлог-закон да се донесе по скратена постапка, без јавна дебата, без транспарентност, иако беше укинат пред само еден месец од Уставниот суд, а сега се враќа во уште потешка верзија! Новите измени се обид за бришење на независните гласови ...

Власта нема намера да го намали прагот на потписи за учество на независни кандидати на изборите и очекува веќе предложеното решение да помине во Собранието. Ова може да се заклучи од изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, по реакциите на невладините организации дека предложениот праг за собирање потписи за независни листи за нив е висок. Мицкоски вели дека носат одлуки во корист на граѓаните, а не на поединци или на одделни невладини ...