Празни чешми, полни буриња, канистери, шишиња. Ваква е сликата со месеци во радовишко Бучим каде вода нема ниту за пиење ниту за одржување хигиена. Водата или се купува или за неа се патува секој ден по 3 до 4 километри до планинарската чешма Жителите од Бучим кои се од турската заедница проблемот со немањето вода му го предочија и на амбасадорот на Турција во земјава. Тој неодамна со вицепремиерот Иван Стоилковиќ беа на селски собир. Од Општина ...

Секој ден километри пеш и со возила за питка вода. Ова е реалноста во која живеат жителите на радовишките села Бучим и Тополница. Фирус Омеров нѐ пречека на влезот во селото. Вели без вода се откако знае за себе – тој ќе остари, а проблемот со водата не се решава. Јас бев дете ние вода немавме. Тоа е така отсекогаш. Последниве месеци нема никаква вода, мачење е да се оди секој ден до планинската чешма или до Радовиш за вода и за пиење и за ...