„Според договорот, приватниот оператор бил обврзан во рок од 6 месеци од денот на потпишувањето да замени 8.720 стари светилки со нови смарт ЛЕД светилки. Тој рок одамна помина, а Тетово и денес нема модерно осветлување, а граѓаните плаќаат се поскапи сметки за јавно осветлување. Што се случува со парите на граѓаните? Од 10 милиони денари месечно што се собираат од таксата за јавно осветлување, 85% завршуваат во џебовите на приватниот оператор, ...

Давањето под концесија на јавното осветлување во Тетово беше темата со која кандидатот за градоначалник на општина Тетово, Бајрам Реџепи, ја започна својата изборна кампања во рамките на коалицијата Национален Алијанс за Интеграција. Бајрам Реџепи изјави дека преку оваа концесија, општина Тетово ѝ нанела штета на општинската каса, додека од тоа профитираат само поединци. Тој ги увери граѓаните на Тетово дека веднаш по изборите ќе го укине овој ...