На новинарско прашање дали Австрија како силен поддржувач на македонските интеграции ќе помогне да се тргне билатерализицијата од целиот процес, како што бара актуелната влада во Скопје, Мајнл-Рајсингер рече дека компромисот што бил постигнат во 2022 година мора да се реализира, и покрај различните мислења дали станува збор за среќно или несреќно решение Мојата денешната порака до сите граѓани од Северна Македонија е дека навистина сме сериозни ...
Сериозни сме во однос на поддршката за државата на патот кон ЕУ. Ние гледаме колку е направено од ваша страна и колку многу чекори се направиле, и сега веќе 20 години поминале оттогаш, и дека сме и ние сега должни да направиме билатералните теми да останат билатерални, а да не се поставуваат како камења на сопнување, порача од Скопје австриската министерка Беате Мајнл-Рајсингер на заедничката прес-конференција со нејзиниот домаќин министерот за ...