Со полни амбари ориз од минатогодишната жетва, оризопроизводителите се подготвуваат за сеидба. Околу десет илјади тони арпа е неоткупена. Состојбата малку ќе ја ублажи откупот на 2.400 тони за стоковите резерви. Сеидбениот план годинава беше проектиран на 4.300 хектари, но недоволната исполнетост на акумулацијата „Калиманци“, налага ревизија на планот и намалување на површините за околу 1.500 хектари. Површини во атарот на село Мојанци се ...

Неизвесен е стартот на овогодинашната сеидба на ориз и колку од површините ќе бидат посеани. Причина е недостатокот од вода за наводнување во браната „Калиманци“, што може да доведе до рестрикција на околу 1500 ха под ориз. Оризопроизводителите сметаат дека треба да им се дозволи да ги наводнат провршини со протечни води од реките, а водата од ХС „Брегалница“ да се користи како дополна. -Доколу во текот на летото нема доволно вода, да има дотур ...