Пожарите ја земаа првата жртва. Во штала во близина на железничката станица „Ѓорче Петров“ која изгорела во пожар е пронајдено тело на човек, потврдија од МВР. Според официјалните информации на полицијата, вчера околу 18 часот стигнала пријавата дека почнала да гори сува трева крај пругата и во близина на мостот на реката Лепенец, а огнот брзо се проширил ја зафатил шталата. Пожарникарите набргу пристигнале на инаку тешко достапниот терен крај ...

Министерството за внатрешни работи објави дека е уапсен газдот на депонијата во Визбегово, каде што е во тек интервенција за ликвидирање на огнената стихија. Во инцидентот е повреден еден човек. “До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош. Поради непочитување наредба од службено лице, приведен е А. Н., сопственик на правното лице што управува со отпадот,” информираат од МВР. Огнот ги има зафатено оштетените ...