– Не можам да негирам дека бугарските членови на Европскиот парламент се незадоволни со текстот. Тие, исто така, јавно го изразуваат тоа во бугарските медиуми. Одат дотаму што дури и сум лично нападнат дека сум пристрасен. Има дури и случаи каде што се тврди дека сум корумпиран од … Македонија, што целосно ги отфрлам. Нема никакви плаќања, никакви услуги, ништо. Се обидував, заедно со колегите, да изготвам реалистичен извештај за ситуацијата во ...

Бугарските политичари извршија притисок врз Европскиот парламент да го одложи извештајот за пристапувањето на Македонија во Европската Унија, обвинувајќи го пратеникот задолжен за извештајот Томас Вајц дека е премногу близок до земјата-кандидат, пишува „Политико“. И покрај договорот меѓу главните политички семејства за усвојување на извештај за напредокот што го постигна балканската земја на патот кон пристапување во ЕУ, пратениците во среда го ...

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, ги нарече своите средби со претставници од Скопје, а не од Софија, „стандардна практика“, објави БГНЕС. Тој се пожали на „Политико“ дека станал цел затоа што одбил да подлегне на притисокот од Бугарија. Сите 17 бугарски европратеници потпишаа писмо со кое го осудуваат Томас Вајц, пратеникот од Зелените од Австрија, кој беше одговорен за изготвување на извештајот. Тие нагласија дека ...