Независниот синдикат на полицијата денеска одржа протест за револт кон Јавното обвинителство. Од Синдикатот се жалат на третманот на нивните колеги кои се под истрага за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој загинаа 62 млади лица. Претседателот на Синдикатот, Мартин Ефремов на протестот изјави дека бараат да биде извршен распит на осомнитечните полицајци и да биде јавно објавен, затоа што, како што рече, треба да се види каков однос има ...
Со паролата „Први за осуда – последни за почит“, Независниот синдикат на полицијата денеска изрази револт кон Обвинителството поради, како што велат, неправедниот третман на нивните колеги кои се под истрага за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Од синдикатот порачаа дека бараат правда за сите жртви, вклучително и за нивниот колега Тоше Тодоровски, кој го загуби животот во трагедијата, но и поддршка за колегите што ја преживеале ...