Ракометарите на Магдебург по петти пат во историјата стана европски шампион откако го победија Фуксе Берлин со 32:26 (16:12) во финалниот натпревар од завршниот турнир во Келн. Магдебург по петти пат го освои најпрестижното континентално клупско натпреварување, во кое двапати триумфираше и скопски Вардар. Германците го освоија престижниот трофеј во 1978, 1981, 2002 и 2023 година, додека екипата од германската престолнина остана без празни раце ...
Фуксе Берлин е германски шампион, а со тоа беше и благ фаворит во овој дуел, но Магдебург денеска одигра фантастичен меч и сосема заслужено дојде до победа. Мечот беше изедначен до првата половина од првиот дел, потоа Магдебург полека почна да се одлепува и на одморот замина со четири голови предност, беше 16-12. Во вториот дел тие имаа комплетна контрола на резултатот, предноста дополнително ја зголемија и на крајот дојдоа до победа од 32-26 ...