Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистиката покаже повисока инфлација. Министерот за економија неделава најави – се подготвува нов сет мерки, доколку поскапувањето на храната продолжило и во јуни. Дали повторно ќе се замрзнуваат цените и ограничуваат маржите, Дурмиши не обелодени, само рече дека се размислува да бидат опфатени сите производи, а не само неколку групи, како до сега. Последните податоци кои ги објави статистиката ...
Драстичен скок на инфлацијата во јуни. Статистиката измери дека трошоците за живот се зголемиле за 4,5 отсто во однос на истиот месец лани. Најголемо поскапување има кај храната и безалкохолните пијалоци, за 6,3 отсто и кај услугите, односно рестораните и хотелите - за 7,6 %. Кај цените на мало статистиката покажа зголемување од 3, 7%, а енормни поскапувања, над 11% регистрирани се кај земјоделските производи. Премиерот не крие дека не е среќен ...
Статистика потврди – цените и во јуни оделе нагоре. Индексот на цените на мало споредено со април е зголемен за 1,1 проценти, а во однос на јуни лани за 3,7 отсто. И инфлацијата мерена преку трошоците на живот е зголемена – за 0,8 проценти во однос на мај и за 4,5 отсто во однос на лани. Најмногу поскапел транспортот, но зголемување на цените има и кај храната и безалкохолните пијалаци. Граѓаните се жалат, велат животот е скап, цените се ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави нови мерки за регулирање на цените и намалување на инфлацијата многу скоро од денеска, откако Државниот завод за статистика објави 4,5% инфлација во јуни на годишно ниво. Цените на мало се зголемиле за 3,7%. Мицкоски рече дека мерките ќе бидат таргетирани и нема да бидат мерки кои ќе донесат стихија. Според премиерот, инфлацијата засега е во рамките на очекуваните проекции. Тој се надева дека до крајот на ...