Три лица се повредени во напади на руски беспилотни летала во текот на ноќта на југот и југоистокот на Украина, соопштија денеска украинските власти. Две лица се повредени во регионот Дњепропетровск, изјави гувернерот Сергеј Лисак. „Силите за воздушна одбрана (ПВО) дејствуваа преку ноќ во Дњепропетровск“, рече тој во апликацијата за пораки Телеграм, додавајќи дека пет беспилотни летала биле соборени над регионот. Генералниот секретар на НАТО, ...
Руското Министерство за одбрана на Телеграм објави дека противвоздушната одбрана до полноќ пресретнала 112 украински беспилотни летала, од кои 59 само во регионот Брјанск, на југозапад од земјата. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на социјалните мрежи изјави дека по полноќ биле соборени 33 беспилотни летала кои се движеле кон главниот град. Сообраќајот на три аеродроми во Москва беше во прекин во текот на ноќта. Гувернерот на ...