Најдобриот стрелец во историјата на Првата македонска лига, Бесарт Ибраими, зборуваше на прес-конференцијата пред натпреварот со велшкиот ТНС и најави дека Шкендија е максимално подготвена за предизвикот. Тетовчани ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите и се надеваат на позитивен исход од првиот меч, а истото го потврди и искусниот Ибраими. „Да бидам искрен, го познаваме ТНС како противник, го анализиравме и ги знаеме неговите ...
Шкендија го елиминираше ТНС во Европа пред седум години и двата тима поседуваат архива од која можат да собираат впечатоци за тоа што следи, иако мора да се напомене дека станува збор за целосно два различни тима кои ќе се соочат на теренот. Традицијата е на страна на тетовскиот тим кој со вкупни 5:4 се пласираше во следната фаза, но со оглед на тоа што првиот натпревар сега се игра во Велс, Шкендија ќе мора да одигра далеку попретпазливо за ...