Се уште гори отпадот за батерии и електронски смет во Трубарево, а во повеќе населени места низ градот се чувствува смрдеа. Колку се штетни токсините од облакот над Скопје сѐ уште нема мерливи показатели. Се очекува ноќва поголемо загадување со паѓање на воздушниот притисок. Последните информации се дека за целосно гасење на пожарот во Трубарево ќе бидат потребни денови, како и да престане чадењето. Дирекцијата за заштита и спасување вечерва ...
Повеќе од 15 часа траеше борбата со пожарот во складиштето за рециклирање отпад во Трубарево, тој е локализиран и целосно изгаснат и е спречено негово ширење. Веднаш е ангажирана акредитирана лабораторија за мерење на квалитетот на воздухот и тие ќе продолжат и во наредните денови, изјави на прес-конференција во Владата министерот за животна средина и прв вицепремиер Изет Меџити Соопшти дека објектот на компанијата „Ф Групација“ во Трубарево ...
Досега нема ниеден хоспитализиран пациент како последица од пожарот во складиште за рециклирање електронски и пластичен отпад во Трубарево, изјави вечерва министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. – Досега немаме информации дека загаденоста е на ниво за да не може да се излезе надвор. Од акредитирана институција е земен материјал и до ...