Скопје завиено со чад, гаснење од земја и од воздух, нападната новинарска екипа, приведен сопственик и еден повреден пожарникар е пресекот на пожарот кој утрово избувна на отпад за старо железо во скопско Визбегово. Пожарот е локализиран и под контрола, нема опасност да се прошири но за целосно гаснење ќе биде потребно време. Пожарот избувна нешто пред 9 часот на отпадот за старо железо регистриран на име на фирмата „АСД Метал груп“. Причините ...
Денеска (09.07.2025) во 09.16ч. во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од истите. До сега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот. До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош. Поради непочитување наредба ...