Црвениот крст на град Скопје подготви акциски план што опфаќа теренски активности за справување со топлински бранови, информира организацијата. Согласно искуствата од претходните години, мобилни екипи составени од лекар или парамедик ќе патролираат низ градот Скопје, ќе дистрибуираат вода и летоци со совети, ќе им мерат притисок на граѓаните кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската ...

Скопје ќе дише на над 40 степени целзиусови, почнаа оние пеколни горештини од кои сите стравувавме. Под влијание на топла воздушна маса од југ, наместа температурата ќе се искачи над 30 степени, па дури и над 40, предупредуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Високи се температурите за овој период од годината, се жалат граѓаните, кои обврските ги завршуваат рано наутро. Мобилни екипи на Црвениот крст со лекари од 11 до 16 часот ...