Села за воведувањето една изборна единица: „Процесот не може да се контролира – ќе бидеме загрозени“ Зијадин Села, лидерот на едното од трите крила на Алијанса за Албанците и дел од коалицијата „Европски фронт“, остро се спротивстави на воведувањето една изборна единица. „Албанците не се присутни во источниот дел од земјата, па затоа целиот процес е невозможен за контрола“, изјави Села пред Собранието. Наместо тоа, неговата партија предлага ...
Темата за една изборна единица се актуелизира секогаш пред избори, а потоа интересот за неа спласнува. Предлозите за дијаспората, отворените листи, од една до осум изборни единици повторно се актуелизираат. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, ја поддржува идејата за воведување на моделот на една изборна единица,како праведно и потребно решение за изборниот систем воСеверна Македонија. Тој во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, изјави ...
Актуелниот изборен модел со шест одделни единици е крајно нефер и пристрасен во полза на албанските партии. Низ цела Македонија веќе во низа изборни циклуси имаме ситуација излезноста кај албанските гласачи да е значително пониска отколку излезноста кај Македонците. Ова се должи пред се на масовната пракса на вадење двојни, тројни и четворни државјанства со Албанија, Косово и земјите од западна Европа и Северна Америка. Етничките Македонци кои ...