Се што прифатила Македонија, мора да исполни – бугарскиот парламент со апсолутно мнозинство изгласа Резолуција со која отфрлаат било какви обиди во рамките на европските институции за повторно преговарање, заобиколување или игнорирање на веќе постигнатите договори. По гласањето шефот на бугарската дипломатија вели дека ова е потврда дека нема план Б за Македонија. „Европскиот воздржан дипломатски тон и однесување на Бугарија, во апсолутна ...

Помалите партии ги извадија од фиоките старите предлог-закони за една изборна единица, веднаш штом премиерот изјави дека е подготвен да ја поддржи идејата. Веќе во понеделник и Демократски сојуз и ЛДП најавија дека ќе ги поднесат во Собрание, а добија поддршка и од ДОМ. Не е исклучено и да ги спојат иницијативите во една, како што направија пред четири години, но процесот тогаш запре поради барањата на ДУИ. Сега се надеваат на поддршка од сите ...