Полициски службеник од Њујорк е меѓу четирите лица убиени во пукотница што се случи вчера попладне во облакодер во центарот на Менхетен. Според полицијата, напаѓачот, Шејн Девон Тамура, 27, отпатувал во Њујорк од Лас Вегас, а неговиот мотив за нападот сè уште не е познат. По пукотницата, тој бил пронајден мртов со она што властите го нарекуваат „самонанесена рана од огнено оружје“. Дополнителна муниција била пронајдена во неговиот автомобил. ...
Драма во центарот на Менхетен, Њујорк. 27 годишен вооружен маж со пушка уби четири лица и рани уште еден во деловна зграда на Парк Авенијата каде што се наоѓа седиштето на Националната фудбалска лига. Шејн Девон Тамура најпрвин пукал во лобито на облакодерот, а потоа и на 33-тиот кат пред да си го одземе животот. Напаѓачот бил фудбалер во младоста, оставил проштално писмо во кое ја обвинува фудбалската лига дека страда од болест најчесто ...