Управата за јавни приходи склучила договор за привремени вработувања со Агенцијата „Контакт бизнис“ во износ од 19 милиони денари со ДДВ, или 309.000 евра. Агенцијата треба да и даде работници кога ќе и потребаат, а за тоа ќе си наплати провизија од 8,1 процент од бруто-платата на секој изнајмен работник. Или, ако нето-платата на работникот е 30.000 денари, тоа во бруто износ е 44.712 денари, а Агенцијата ќе си земе провизија од 3.621 денар. На ...

Во Управата за јавни приходи има значително намалување на бројот на вработени, од 1.349 во 2015 година на 927, колку што има сега. За да ги извршува тековните задачи, УЈП има потреба од дополнителен кадар. „Решението“ се најде во договор за привремени вработувања тежок над 300.000 евра, со агенциска провизија 8,1 проценти од бруто-плата на секој ангажиран работник која треба да се плати на Агенцијата за привремени вработувања „Контакт бизнис“. ...