Утринава на територијата на Македонија биле регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, пет сè уште беснеат, два се ставени под контрола, а 22 веќе се ликвидирани. Најопасниот фронт се наоѓа на планината Жеден, помеѓу селата Желино и Еребино, каде што огнот зафати нискостеблеста шума, грмушки и сува вегетација. Пламените јазици се приближуваат до поширок шумски појас, што дополнително ...

Шумските и полските пожари што веќе неколку дена ја пустошат Македонија и денеска ја одржуваат земјата во состојба на висока готовност. Според официјалните податоци до 18:00 часот, регистрирани се вкупно петнаесет пожари на отворен простор. Седум од нив сè уште беснеат, два се ставени под контрола, а шест во меѓувреме се целосно изгаснати. Најкритични остануваат жариштата кај Нивичино, Општина Василево, и кај селото Грешница во Македонски Брод, ...